Манчев: Се реализираат повеќе активности за уредување и чистење во Босилово
Поради лошите временски услови и здравствената криза изминатиот период работиме со намалени капацитети. И во вакви услови деновиве се реализираат повеќе активности, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.
– уредување на задниот дворот во комуналното претпријатие и негово приспособување за паркинг простор,
– поставување на одводна мрежа за пензионерскиот клуб Босилово- започна изградбата на гаража за потребите на комуналното претпријатие
– уредување на внатрешниот простот во училишната зграда во ЦОУ “Кирил и Методиј”- Иловица
– Чистење на јавни површини и депонии.
Продолжуваме со континуирана работа, а со подобрување на временските услови ќе продолжиме со реализација на поголеми инфраструктурни проекти.