fbpx

Мартин Мирчевски направи трансфер во ТСЦ Бачка Топола од Србија

 Мартин Мирчевски направи трансфер во ТСЦ Бачка Топола од Србија

Најдобриот играч на Академија Пандев и најдобар стрелец во домашното првенство потпиша договор со ТСЦ Бачка Топола од Србија.

Иако беше член на клубот само една полусезона, Мартин остави голема трага и статистика која ќе биде голем предизвик за сите сегашни и идни фудбалери во Академија Пандев.

Интересот за најдобриот стрелец во ПМФЛ беше голем, но сепак единствен тим кој достави конкретна понуда беше ТСЦ Бачка Топола, а таа понуда се совпадна и со желбата на фудбалерот да оди чекор напред во кариерата.

Овој играч претходно беше дел уште од Вардар, Беласица, КФ Трепча 89 од Косово, Победа Прилеп и Пелистер.

Share via
Copy link