Д-р Филипче од Струмица: 30.000 денари просечна и 20.000 минимална пензија во следниот мандат
Учениците од Висока Маала по долги години започнаа да посетуват настава во новото училиште
Вчера за прв пат учениците од 4 и 5 одделение од населеното место Висока Маала, започнаа да посетуваат настава во новото училиште, изградено пред повеќе од шест години.
По тој повод ги посети градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој им посака успех во образованието, а стартот во новото училиште им го разубави и со подарок-школски прибор.
-После подолга комуникација со родителите на учениците, успеавме да ги убедиме дека посетувањето настава во овој училишен објект е најдобрата опција за сите. Објектот е нов, опремен со инвентар и во секој поглед ги задоволува условите за нормално одвивање на наставата. Надминати се и недоразбирањата околу оддалеченоста на училиштето од населеното место, кое од страна на родителите се нотираше како еден од најголемите проблеми поради што не им дозволоваа на децата да посетуваат настава во новото училиште, изјави градоначалникот Андонов по посетата на новото училиште во Висока Маала.
Училиштето е изградено во соработка и со средства обезбедени од Турската владина организација ТИКА, но се до вчера учениците односно нивните родители одбиваа наставата да се одвива во овој објект.