Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Отчет на градоначалникот Костадинов за првите 100 денови од мандатот
Интегрален текст од обраќањето на градоначалникот Костадин Костадинов
Сто дена заедно со мојот тим, општинската администрација и општинските јавни претпријатија работиме дисциплинирано, домаќински и вредно ги исполнуваме барањата и ветувањата кон граѓаните и ја создаваме најдобрата верзија на нашата Струмица.
Едно од тие ветувања е дека мојата работа ќе биде транспарентна и отчетна, граѓаните секогаш ќе знаат што работи Градоначалникот и како се трошат општинските буџетски пари. Така е и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат.Од моментот кога влегов во овој градоначалнички кабинет, мојот работен ден започнува во 7 часот наутро и завршува во вечерните часови, односно, се додека не биде завршена и последната планирана обврска и одговорено на сите пораки од граѓаните.
Првата теренска активност беше сериозна градежна офанзива во која беа асфалтирани 8 улици во градот со вкупна површина од 12.100 метри квадратни. Му даваме нов лик на детското игралиште Шпики, а го започнавме и новото спортско игралиште кај Дом на АРМ.Воведовме двосменско работење на комуналните инспектори и редари. Ги чистиме дивите депонии и го збогативме возниот парк на ЈПКД „Комуналец“ со половно набавени специјални возила за подигање на комунален отпад.
Го вративме одржувањето на Јавните собири и Буџетскиот форум. Ги намаливме средствата за новогодишно украсување на градот, од 1,5 милиони денари на 400 илјади денари.
Го активиравме Локалниот совет за превенција и резултатот е улици без диви продавачи на земјоделски и текстилни производи. Еднаш месечно имам средба со претставници на здруженијата и организациите кои опфаќаат лица со попреченост разговараме за нивните проблеми и ги решаваме.
Ангажиравме 16 лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес. Отворивме втора сензорна соба.
Дотацијата за секое новороденче од досегашните 3.000 денари, ја покачивме на 6.000 денари. Самохраните родители кои примаат плата помала од просечната, ќе бидат целосно ослободени од плаќање за нивните дечиња во градинките.
Овозможивме поддршка на Старт-ап бизниси за 20 млади невработени лица.
Ја субвенционираме цената на гасот со 10 денари по метар кубен за домаќинствата. Второто полугодие од оваа учебна година за учениците од Добрејци започна во комплетно реконструирано училиште.
Станавме единствена општина во државата која што има сопствен Стационар за бездомни кучиња.
Добивме грант од ЕУ во вредност од 749.210,70 евра за тригодишниот проект Паметен Вело Град, а сме прва општина во државата која подготвува апликација за титулата Европски главен град на младите што ја доделува Европскиот младински форум.Поддржавме голем број, културни и спортски настани и манифестации, научни симпозиуми, издавање книги и монографии, проекти на невладиниот сектор.
Еве вака, јас и мојот тим работевме во првите 100 дена од мојот мандат. Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна и европска Струмица по терк на струмичани.