fbpx

Матурантката Александра Атанасова го промовираше својот прв роман „Зборовите на тишината“

 Матурантката Александра Атанасова го промовираше својот прв роман „Зборовите на тишината“

Денеска во големата сала на Домот на АРМ во Струмица матурантката од гимназијата „Јане Сандански“ , Александра Атанасова, го промовираше своето прво книжевно дело-романот „Зборовите на тишината. Покрај промоцијата на ова дело, таа се претстави и со изложба на свои четириесетина ликовни творби.

За романот на Александра говореа нејзините професори по македонски јазик, Владимир Ефтимов и Билјана Костадинова.Според професорите, „Зборовите на тишината“ се дело кое треба да се прочита и да се размислува за напишаното во него погледнато преку перото на оваа млада авторка.

Авторката на романот, во своето обраќање пред присутните на промоцијата рече дека романот понала да го пишува кога имала 14 години , а на нејзини 18 дочекала романот да се испечати и да биде претставен.

Промоцијата и изложбата ги организираше Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, а настанот беше во рамки на програмата на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.

Share via
Copy link