Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Мигранти проселе во двор од училиште во Струмица
Денеска во 14:45 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица, соопштија денеска од МВР.
Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.