Костадинов: фали намалување од 0.001 грам манган на литар вода за да добиеме пак питка вода
Министерот Чулев за сообраќајните несреќи во Струмица во кои учествуваа мигранти
Сообраќајните несреќи се расветлени, но но дел од транспортерите не се фатени. Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип преземаат оперативни активности во оваа насока за идентификување и пронаоѓање и мислам дека веќе има напредни оперативни сознанија за нивно идентификување и нормално е дека ќе биде покрената кривична одговорност за нив, рече министерот за внатрешни работи при денешната посета на СВР-Струмица, одговарајќи на новинарско прашање.
Додаде дека делот на полициската контрола на границата е во ингеренции на Регионалниот центар Исток, но и на Регионалниот центар Југ.
-Така е поставена границата на ова подрачје. Доколку таму не се запрат, тогаш тие доаѓаат на територија на СВР-Струмица. Значи, ние ги преземаме сите мерки и активности за нивно спречување и на дневна база токму на планината Беласица постојано се враќаат големи групи на мигранти на грчка територија. Меѓутоа, кога ќе се вратат на грчка територија, пак, речиси, истите мигранти повторно влегуваат по други илегални патишта и потоа дел од нив, оние коишто успеваат се пречекуваат на подножјето на планината Беласица од лидери на криминални структури, кои подоцна со патнички моторни возила ги пренесуваат на северната граница, смета министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
Тој информираше дека покрај полициско засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на напливот од мигранти, кои секојдневно во голем број влегуваат во нашата земја преку планината Беласица.