Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Младите добија партнер за соработка во сите институции
За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување на службеник за млади во сите органи на државна управа, како и во општините и општините во Градот Скопје и Градот Скопје.
Ова значи дека во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе им ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и се што ги интересира, а досега немало кој подробно да им го објасни.
Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и градот Скопје.