fbpx

Македонија го освои среброто во Европската сребрена лига

 Македонија го освои среброто во Европската сребрена лига

Одбојкарската репрезентација на Македониа е поразено во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига што се одржа во сабота и недела во салата „Парк“ во Струмица. Во финалето репрезентативците на Данска беа подобри и сосема заслужено славеа со 3:1, по сетови 25:23, 19:25, 25:27 и 19:25.

Нашите одбојкари играа добро само во првиот сет, додека во останатите Данците беа многу подобри и со пожртвувана игра во поле и на мрежа на крајот се радуваа на големиот пехар и златните медали.

На победниците пехарот и медалите им ги врачи премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски го следеше финалниот натревар.

Третото место на финалниот турнир го освои репрезентацијата на Унгарија, која во полуфиналето ја совлада селекцијата на Хрватска со 3:2 во сетови.

Пред почетокот на финалниот натпревар Одбојкарската федерација на Македонија на репрезентативците Горѓи Ѓорѓиев, Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Дарко Ангеловски, Филип Депостовски и Александар Љафтов им додели признанија за одиграни повеќе од 100 натпревари во дресот на македонската репрезентација.

Share via
Copy link