ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
МНР ги повикува македонските државјани да го напуштат Либан
,,Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни“ соопштија денеска од МНР.
Оттаму посочуваат дека „постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан“.
„Како и секогаш, Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk )“ стои во соопштението.