fbpx

Мотоциклист потешко повреден по паѓање на коловозот

 Мотоциклист потешко повреден по паѓање на коловозот

На 09.02.2023 година во 15.20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на раскрсницата од улиците „Орце Николов“ и Моша Пијаде“ во Струмица Д.П.(60) од Струмица, управувајќи мотоцикл „пежо“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, соопштија денеска од СВР Струмица.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Share via
Copy link