„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Најголем трансфер во историјата на Брера Струмица-Трајков од 1 јули нов играч на Полисја од Украина
Се остварува најголемиот трансфер во историјата на АП Брера Струмица – Димитар Трајков од 1 јули ќе биде нов играч на Полисја од Украина.
Тој ќе стане нов играч на ФК ,,Полисја“ од Житомир Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот со новиот клуб. Трајков во редовите на ,,Полисја“ ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица.
Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1 јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона.
-Среќен сум што станувам нов играч на „Полисја“. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, се зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК „Брера Струмица“ за убавите поминати години во Струмица“, рече Димитар Трајков.
Со младиот играч во Украина е и генералниот директор на клубот Јован Симиќ.