fbpx

Нема починати, петнаесет оздравени и 22 новозаразени во Струмица од Ковид-19

 Нема починати, петнаесет оздравени и 22 новозаразени во Струмица од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 2953 тестирања, а регистрирани се 556 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 270 -Куманово 24 -Штип 17 -Прилеп 17 -Тетово 17 -Струга 6-Велес 23 -Битола 10 -Охрид 12 -Кавадарци 21 -Гостивар 17 -Гевгелија 6 –Струмица 22 -Крива Паланка 13 -Радовиш 10 -Кочани 14 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 4 -Пехчево 6 -Берово 12 -Валандово 1 -Виница 2 -Делчево 4 -Кратово 5 -Свети Николе 3 -Кичево 12 -Ресен 1 -Неготино 6.

Починати се 22 лица, десет пациенти од Скопје (84, 83, 60, 71, 66, 57, 77, 76, 80 и 74г), еден од Куманово (77г), еден од Дебар (68г), еден од Штип (81г), еден од Битола (69г), двајца пациенти од Охрид (47 и 76г), еден од Кавадарци (48г), двајца од Гостивар (79 и 64г), двајца од Крива Паланка (81 и 79г) и еден пациент од Кичево (63г). Од нив пет пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 404 оздравени пациенти од:

-Скопје 204 -Куманово 18 -Штип 9 -Прилеп 33 -Велес 16 -Битола 8 -Охрид 1 -Кавадарци 30 -Гостивар 12 -Гевгелија 11 –Струмица 15 -Крива Паланка 6 -Радовиш 11 -Кочани 4 -Пробиштип 1 -Македонски Брод 1 -Валандово 2 -Виница 1 -Свети Николе 4 -Кичево 6 -Ресен 2 -Неготино 9.

Досега во земјата се направени вкупно 414.757 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86150, бројката на оздравени пациенти е 67164, на починати е 2614, а бројот на активни случаи изнесува 16372.

Share via
Copy link