„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Нова опрема за струмичките пожарникари
Од страна на Влаата, а преку Дирекцијата за заштита и спасување на ТППЕ Струмица, која е во состав на Републичките сили за заштита и спасување, и беше доделена опрема, соопштија денеска струмичките пожарникари.
Опремата се состои од сет воздушни перници за кревање на терет и сет хидраулични подпирачи за стабилизирање на лесни и тешки возила при сообраќајни несреќи, рефлектори и рачен батериски алат.
Истата опрема ја користи и УСАР тимот (урбана претрага и спасување од урнатини).
Со оваа опрема значително се зголемува капацитетот на ТППЕ Струмица при одговор во вакви кризни ситуации.