„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„НОВУС“ со нов проект “Зајакнување на младите преку нови можности 2”
Центар за истражување и анализи НОВУС со голема чест Ви го најавува ново-започнатиот проект “Зајакнување на младите преку нови можности 2”, кој во следниот период ќе го спроведува како регионален партнер на СОС Детско Село- Македонија, а е финансиран од БМЗ- Федерално Министерство за економска соработка и развој- Германија и СОС Детско село – Интернационално, Херман Гмајнеr Фонд Германија.
Поради неговата голема успешност, проектот се спровредува по втор пат на територија на Р.С. Македонија, овојпат опфаќајќи го и Струмичкиот регион, а претходно е успешно спроведуван и во Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
Кој се може да се вклучи во проектот?
Доколку си лице од 16 до 35 години, и имаш желба да ги зајакнеш своите вештини и да добиеш поддршка при процесот на вработување, проектот “Зајакнување на младите преку нови можности II” е токму за тебе!
Дополнително, пријавените лица треба да спаѓаат во некој од следните наведени групи:
- NEET млади (млади кои не се во работен однос, процес на едукација или на тренинг)
- Самохрани родители
- Млади без родители / со еден родител
- Млади од маргинализирани групи (припадници на малцинства, рурални средини, бегалци, жени од рурални средини…)
- Млади и лица со попреченост
- Млади со потешка семејна позадина
- Млади со емоционални потешкотии
- Млади жртви на семејно насилство
- Друго
Доколку не сте сигурни дали припаѓате во некој од наведените групи, слободно пополнете ја формата за пријавување, при што нашиот тим ќе ве контактира и ќе закаже првична средба со Вас.
Што добивам од проектот?
- Обуки за животни вештини и за вработливост
- Континуирана менторска поддршка и кариерно советување
- Психосоцијална поддршка
- Можност за учење на професионални вештини преку курсеви
- Можност за практикантство и поврзување со работодавци
- Запознавање и дружење со други млади лица
- Учество во други активности од интерес на младите
Процес на програмата
Досега постигнати резултати преку проектот ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПРЕКУ НОВИ МОЖНОСТИ:
- 1,742 млади лица во социјален ризик успешно ги завршија обуките за животни вештини и вработливост и посетуваа сесии на кариерно советување;
- 793 млади лица пронајдоа одржлив работен анганжман со времетраење од најмалку 6 месеци;
- 653 млади лица вклучени во проектот посетуваа практиканство или кратокраен престој во компанија заради запознавање со работно место ( job shadowing)
- Со финансиска поддршка обезбедена во рамките на проектот 507 млади лица ги зајакнаа нивните компетенции преку посетување стручно образование, обуки или сертифицирани професионални курсеви;
- Организирани се голем број на дополнителни активности кои придонесоа повеќе од 3,500 млади лица во социјален ризик како индиректна целна група да имаат корист од имплементацијата на проектот.
Линк до пријава на интерес за учество – https://forms.office.com/e/qigQueFwLz
Доколку имате прашања, нејаснотии, или би сакале подетално да се запознаете со процесот или обучувачите, на 26.04 од 10-16 ч., во канцелариите на ЦИА НОВУС ќе се одржи отворен ден, или пак контактирајте нé на contact@assоciationnovus.org
Повеќе информации, како и информациите за понатамошен тек на нашиот проект може да ги следите на нашите социјални мрежи: Facebook: https://www.facebook.com/ZdruzenieNovus/, Instagram: @novus_ngo, и на нашата веб страна: https://associationnovus.org/