fbpx

Нуркачи од МВР трагаат по исчезнатото момче во браната кај Дрвош

 Нуркачи од МВР трагаат по исчезнатото момче во браната кај Дрвош

И денеска продолжува потрагата по момчето М.П. (29) од село Дабиле кое исчезна завчера во водите на браната кај селото Дрвош.

Според информациите од СВР Струмица, нуркачи од МВР и денеска продолжуваат со потрагата по момчето, но лошиот терен и заматената вода им ја отежнуваат потрагата.

Завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Share via
Copy link