Градоначалникот Костадинов го објави изгледот на новиот парк во поранешната касарна
Седум мигранти повредени по излетување на возилото со кое се превезувале
На 17.07.2023 vо 15.10 часoт на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, на местоto „Фурска чешма“, пред крстосницата за село Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило „форд мондео“ во кое се превезувале мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.
Откако ги забележал полициските службеници возачот се обидел да избега, но набргу со возилото излетал од патот и го напуштил местото.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобило едно лице мигрант од Сирија, додека со телесни се здобиле шест лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, констатирани во Здравствен дом Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: архива