Од новогодишното украсување на градот Општината донираше еден милион денари на болницата
Општина Струмица од буџетот за 2020 година ќе донира еден милион денари на Јавната здравствена установа „Општа болница – Струмица“ за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19.
Советниците одлуката ја донесоа едногласно на денешната 41 седница, на предлог на градоначалникот Коста Јаневски, со која Општината се откажува од дел од средствата наменети за новогодишното украсување.