fbpx

Од попладне до утре без вода Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково

 Од попладне до утре без вода Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково

-Заради зголемувањето на потрошувачката на вода денес од 15:00 часот до утре до 08:00 часот без вода ке останат селата Дабиље, Добрејци, Градско Балдовци и Просениково, објавија од ЈПКД „Комуналец“.

-Оваа се прави со цел за стабилизирање на водоснабдувањето и непрекинато водоснабдување во цела Општина за време на викендот и престојниот празник. Апелираме до сите граѓани водата да ја трошат разумно и исклучиво за потребите на домаќинствата со што ќе се избегнат понатамошни рестрикции поради недостаток на вода, велат од комуналното претпријатие.

Share via
Copy link