fbpx

Полициски билтен:ограбена црква во Удово,пронајдена марихуана, агресивно однесување кон полицајци

 Полициски билтен:ограбена црква во Удово,пронајдена марихуана, агресивно однесување кон полицајци

На 27.07.2022 во 11.05 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во периодот од 25.07.2022 до 27.07.2022 со употреба на сила и подесен алат било влезено во црквата „Св.Атанасиј“ во с.Удово и биле одземени пари. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 28.07.2022 во 01.10 часот во угостителски објект во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Радовиш затоа што кај него била пронајден и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Д.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.07.2022 во 02.05 часот во Полициската станица Струмица бил приведен Н.К.(43) од Струмица затоа што на бензинска пумпа во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Тој бил задржан во полициската станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во периодот од 22.00 часот на 27.07.2022 до 03.00 часот на 28.07.2022 година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 29 прекршувања, од кои 18 на подрачје на Струмица, 7 на подрачје на Гевгелија и 4 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Share via
Copy link