fbpx

Одбележана годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев

 Одбележана годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев

Пред Споменикот подигнат во нивна чест, денеска беше одбележана 22-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт од 2001 година.

Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица, претставници на СВР – Струмица, на борците и други почитувачи положија свежо цвеќе пред Споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Трендова, член на Советот на општина Струмица.

-Во еден ист месец, во таа морничава 2001 година, згаснаа соништата на двајца млади бранители од Струмица и струмичко. Тие соништа никогаш не го дочекаа своето јаве, па токму затоа, ние, нашата Струмица и нашата македонска татковина, должни сме да ги чествуваме имињата на Атанас Јанев и Кољо Китанов и да го чуваме и негуваме споменот за нив. Во нивна чест, пред 16 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нашиот незаборав. Споменикот во форма на жена- пеперутка, како симбол на повторното раѓање и новиот живот, нека биде фениксот кој се издигнува од пепелта и продолжува да живее, како што живее споменот на нашите двајца бранители, носители на Медалот за храброст, рече Трендова.

Во чест на бранителите Јанев и Китанов, беше изведен и рецитал од рецитаторите при Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Share via
Copy link