Изгореа покрив и спрат во пожар во куќа на улица „Спиро Захов“
Одбележани 71 година од убиството на петтемина струмички студенти
Пред споменикот на петтемина убиени струмички студенти во Малиот градски парк беше одбележана 71-та годишнина од убиството на Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Јармов, Ѓорѓи Костуранов и Стево Топчев.
За животот и делото на петтемина студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.
Пред споменикот цвеќе положија членови на нивните семејства, членови на Советот на општина Струмица, политички партии и здруженија на граѓани и претставници на државни институции, а рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица читаа поетски колаж.
Претходно на гробиштата во Струмица беше одржана панахида за петтемина струмички студенти, кои се убиени на 13 август 1951 година на планината Беласица.