fbpx

Пронајдени 14 мигранти во камион кај Гевгелија

 Пронајдени 14 мигранти во камион кај Гевгелија

Синоќа околу 22:15 часот во близина на црква во село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Штип, a околу 23.50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, соопштија денеска од МВР.

Имено, во 21:15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци-Смоквица во товарно возило „ивеко“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило „пежо 306“, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело.

Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 418 б ст.2 од Кривичниот законик.

Фото: архива

Share via
Copy link