Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Одбојкарите на Струмица убедливо поразени од грчки Олимпијакос
Македонскиот одбојкарски шампион, Струмица, убедливо е поразен во првото коло од Лигата на шампионите на ЦЕВ од грчкиот шампион Олимпијакос со 3:0 (15:25,17:25 и 15:25).
Грците полесно од очекувањата стигнаа до победата и по 1 час и 15 минути славеа вечерва во Салата „Парк“ во Струмица.
Реванш натпреварот се игра по седум денови во Пиреа, Грција.
Доколку нашите одбојкари не успеат да направат чудо, натпреварите во европските одбојкарски натпреварувања ќе ги продолжат во Купот на ЦЕВ, каде на 1 октомври ќе се сретнат со победникот од натпреварот меѓу Инсбрук и Капошвар.
Фото: принт скрин ЦЕВ