fbpx

Одиграна детската претстава „Зелено коше“

 Одиграна детската претстава „Зелено коше“

Викендов во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица се одигра детската едукативна интерактивна театарска претстава “Зелено ќоше”. Претставата е дел од проектот „Животните на планетата Земја”, финансиски поддржан од Општина Струмица, кој започна да се реализира од месец февруари но поради ситуацијата со пандемијата ковид 19 дел од активностите беа прекинати.

-Поточно делот каде што детската претстава требаше да се презентира на дечињата во градинката си го чекаше своето време. По носењето на протокол за настани на отворено решивме дека најбезбедна варијанта е претставата да се изведува во Амфитеатарот. Затоа и сработеното во тековната година го обновиме, се мобилизиравме најдобро што можеме за сепак дечињата до 4 до 7 годишна возраст да ги едуцираме на тема екологија и важноста од чиста животна средина. Среќни сме што во вакво време на пандемија со ограничен број на места за публика, интересот беше голем и сите мерки и протоколи беа беа беспрекорно почитувани од страна на родителите и дечињата. Но уште посреќни сме што по подолго време видовме среќни детски лица за време и по завршувањето на претставите. Благодарност и до момчињата и девојчињата волонтери од Црвен крст кои несебично се придружија да помогнат за непречено одвивање на настаните. Здружението Видливост и понатаму, во едно вакво време, продолжува да наоѓа начини едукацијата на децата да не биде прекината. рече актерката и претседателка на „Видливост“, Јулија Милкова.

Текстот за претставата го напиша Никола Сарајлија, режијата е на Јулија Милкова, костимите се изработени од Кирил Василев, а актерската екипа ја сочинуваат Ванчо Василев, Анкица Бенинова и Јулија Милкова.

Share via
Copy link