fbpx

Одлично преставување на децата на Брера Струмица на турнирот ,,Радомир Антиќ“ во Србија

 Одлично преставување на децата на Брера Струмица на турнирот ,,Радомир Антиќ“ во Србија

Изминатиов викенд дечиња од генерациите 2016, 2015, 2014 и 2013 на Брера Струмица учествуваа на меѓународниот турнир ,,Трофеј Радомира Антиќ“ во Ужица во Србија, каде имаа одлично преставување со сите четири генерации, а со 2015 освоија бронза.

Дечињата предводени од Томе Христов во групата забележаа две победи и еден пораз и како второпласирани се најдоа во четвртфиналето каде против Слога беа подобри во пенал рулетотот по ремито од 2:2. Во полуфиналето децата се соочија со тимот на Црвена ѕвезда каде изгубија и во борбата за трето место славеа против Спарта 369 на пенали откако регуларниот дел заврши без голови.

Генерација 2016 предводена од Никола Костадинов во групата беше прва со две победи и едно реми. Во четвртфиналето изгуби несреќно и пропушти шанса за медали.

Генерацијата 2014 предводена од Кире Ангеловски немаше среќа уште во групната фаза . Со две победи реми и еден пораз беше на делба на второто место но гол разликата одлучуваше и не се пласира во четвртфиналето.

Дечињата на Љупчо Пенев или генерацијата 2013 имаше максимален учинок во групната фаза. Оставарија три победи но немаа среќа во четвртфиналето каде беа запрени од екипата на Алфа.

Со прикажаната игра во сите четири конкуренции, Брера Струмица позитивни критики како од организаторите, така и од сите учесници на четвртото по ред издание на овој детски фудбалски турнир.

Share via
Copy link