„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Општина Струмица ги зголеми безбедноста и протокот во сообраќајот
Општина Струмица значително ги зголеми безбедноста и протокот во сообраќајот со имплементација на повеќе мерки и поставување дополнителна опрема.
На денешната прес конференција, м-р Атанаско Глигоров, советник за сообраќајна инфраструктура во општина Струмица, информираше за реализираните активности од областа на безбедноста и протокот во сообраќајот.
Тој рече дека на територијата на општина Струмица (во градот и населените места) во изминатиот период поставени се 15 сферни огледала на повеќе улици каде е констатирано дека е намалена прегледноста, преку 70 светлечки солар маркери непосредно пред пешачки премини кои се категоризирани како ризични и во услови намалена видливост, 150 гумени флексибилни – флуоросцентни столбчиња, со што улиците кои со години беа закрчени и узурпирани со непрописно паркирани возила, сега се функционални и безбедни.Обновена е постојната и поставена нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација и опрема во координација со Јавните претпријатија „Паркиралишта“ и ЈПКД „Комуналец“, со 100 вертикални сообраќајни знаци и обележување на 7.000 метри квадратни од хоризонтална сообраќајна сигнализација, а поставени се и вибро ленти за смирување на сообраќајот бпред основните училишта во населените места Дабиле и Костурино.
Поставена е и друга дополнителна опрема и преземени мерки, а Глигоров најави реализација и на други проекти во наредниот период кои ќе ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот во општина Струмица.