Општинарите и граѓаните даруваа крв по повод празникот Свети петнаесет
Општина Струмица го објави конкурсот за наградите „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
По повод 11. Декември – Денот на заштитниците на градот и оваа година ќе бидат доделени традиционалните Годишна награда и Награда за животно дело на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”.
Годишната награда на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички лица од Општина Струмица, Република Северна Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во: стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот што дале посебен придонес за развој и афирмација на Општина Струмица во Република Северна Македонија и пошироко.
Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.
Конкурсот трае заклучно со 23 ноември 2024 година.
Формуларот за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да се најде на веб страницата www.strumica.gov.mk.