Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
Општина Струмица и Фондацијата „Песталоци“ потпишаа меморандум за разбирање
Децата се и ќе бидат наш приоритет. Ја имаат мојата максимална поддршка сите подеднакво во образовниот процес, во и надвор од училиштата. Тие се иднината на нашата општина и држава, рече градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов по потпишувањето на меморандум за разбирање со Детската Фондација Песталоци од Швајцарија и општина Струмица.
Меморандумот е потпишан во рамки на проектот „Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем“.
-Со тоа се обврзуваме дека ќе обезбедиме ефикасна и ефективна поддршка за основните училишта при спроведувањето на прилагодената наставна програма за образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница за вклучување во соодветно одделение на основно образование, додаде градоначалникот Костадинов.
Инаку, во овој проект се вклучени основните училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица.