fbpx

Општина Струмица одбележа 23 години од убиството на бранителите Китанов и Јанев

 Општина Струмица одбележа 23 години од убиството на бранителите Китанов и Јанев

Денеска беше одбележана 23-годишнината од убиството на бранителите Кољо Китанов и Атанас Јанев во воениот конфликт од 2001 година.

Членови на семејствата Јаневи и Китанови, членови на Советот на општина Струмица и претставници на борците положија свежо цвеќе пред споменикот, а за животот и делата на трагично загинатите бранители зборуваше Танкица Трендова, член на Советот на општина Струмица.

Пред 17 години, Општина Струмица го подигна овој споменик како сведоштво за нивното херојство и незаборав со цел да се споделува меѓусебно љубовта кон татковината и да се почитуваат оние кои ја пролеале својата крв и ги положиле своите животи за неа, но и за сите нас.

Share via
Copy link