fbpx

Општина Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта

 Општина Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во основните и средните училишта

Деновиве се вршеше замена на дел од старите прозорци и врати во средното општинско училиште „Никола Карев“, основното општинско училиште „Маршал Тито“ во Струмица и во подрачното училиште „Сандо Масев“ во населеното место Водоча.

Со новите прозорци и врати побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително ќе се намалат губитоците на топлина, а со тоа ќе намали и потрошувачката на енергија.

Замената се врши во рамките на Програмата за намалување на аерозагадувањето на Одделението за заштита на животната средина на општина Струмица.

Share via
Copy link