Општина Струмица реализираше 90 проценти од програмата за втор слој асфалт на улиците
Денеска се става нов асфалтен слој на крак од булеварот „Ленинова“ една од најфреквентните сообраќајници во градот. Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници и советници изврши увид во градежните активности потенцирајќи дека само со добра и корегирана инфраструктура, Струмица станува се поубаво место за живеење.
-Се работи за инвестиција на општина Струмица во износ од 4.127.420,00 денари, нешто што беше увидено од наша страна, но пред се барање од граѓаните да се асфалтира овој булевар затоа што е доста дотраен и навистина е така. Неколку пати имавме крпење на дупки, пред 2 година ја асфалтиравме другата страна на булеварот и еве дојде ред да ја асфалтираме и оваа делница. Ова е важен момент затоа што со ставањето втор слој асфалт на булеварот „Ленинова“, практично заокружуваме 90 проценти реализација на рамката за асфалтирање на улици со втор слој асфалт, уште сме месец септември, а ние имаме ваква реализација на една убава капитална програма за која советниците дале поддршка и при дебатата за програмите, а секако и при носењето на буџетот за оваа 2024 година. Со ова само потврдуваме дека навистина приоритетите или барањата на граѓаните ги ставаме на прво место, затоа што само со добра и корегирана инфраструктура можеме да заокружиме дека Струмица станува се поубаво место за живеење, изјави градоначалникот Костадинов.
Десетте проценти коишто остануваат ќе бидат реализирани следните денови на дел од улицата „Васил Сурчев“ со втор слој асфалт и прв слој асфалт и пробивање улици кои се во тек во урбан блок 41.