fbpx

Општината и „Струмица гас“ објавуваат јавен повик за субвенционирање на надоместок за приклучување на гасоводниот систем

 Општината и „Струмица гас“ објавуваат јавен повик за субвенционирање на надоместок за приклучување на гасоводниот систем

Општина Струмица, во соработка со ЈПЕД „Струмица – ГАС“, објавува Јавен повик за субвенционирање на надоместокот за приклучување на дистрибутивниот гасоводен систем.

Со оваа иницијатива, се овозможува субвенционирање на трошоците за „Стандарден приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем“, со вредност од 46.943,00 денари по домаќинство, во нето износ.

Субвенцијата ќе се доделува согласно принципот „прв дојден, прв услужен“, што значи дека граѓаните кои први ќе поднесат апликација ќе имаат приоритет во добивањето на субвенцијата.Ова е одлична можност за сите граѓани кои сакаат да го користат природниот гас како енергент, да направат значителни заштеди на енергетските трошоци, а истовремено да придонесат за заштита на животната средина.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да ја искористат оваа поволност и да ги поднесат своите апликации во предвидениот рок.

За повеќе информации на општинската страница:

Share via
Copy link