fbpx

Општините Василево и Ново Село во кои струмичкиот Црвен крст ја дава услугата Помош и нега во домот, на мапата на Министерството за труд и социјална политика

 Општините Василево и Ново Село во кои струмичкиот Црвен крст ја дава услугата Помош и нега во домот, на мапата на Министерството за труд и социјална политика

Министерката за труд и социјална помош, Јагода Шахпаска ја објави мапата на општини во кои е активна услугата Помош и нега во домот, општини каде се отвориле Центри за дневен престој на деца со попреченост и Центри за дневен престој на стари лица.

На мапата се и општините од струмичкиот регион, Василево и Ново Село, во кои Општинската организација на Црвен крст Струмица, преку спроведените обуки за негуватели на лица во домот, успешно ја спроведува оваа услуга.

Со тоа Црвен крст Струмица  учествува во зајакнувањето на целокупниот систем на обезбедување социјална заштита.

Share via
Copy link