Осумнаесетгодишен мотоциклист потешко повреден во собраќајка во Гевгелија
СВР Струмица соопшти дека вчера во 20:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки управувано од Ж.К.(70) и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општата болница Гевгелија.
Фото: архива ислустрација
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.