fbpx

Осумнаесетгодишен мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Струмица, повредена и сопатничката

 Осумнаесетгодишен мотоциклист потешко повреден во сообраќајка во Струмица, повредена и сопатничката

Вчера во 23:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од булевар „Ленинова“ со булевар „Маршал Тито“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Р.У.(18) и патничко возило „фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) двајцата од Струмица, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Фото:архива

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link