fbpx

Откриен сторител на уште еден случај на фрлање отпад

 Откриен сторител на уште еден случај на фрлање отпад

-По добивањето на фотографија како се фрла отпад на патот Струмица-Валандово, покрај мотелот „Македонска куќа“, ЈПКД „Комуналец“ контактираше со Општинскиот комунален инспекторат и лицето е пронајдено и истурениот отпад беше соберен од страна на истото и депониран во депонијата Шапкар. Воедно лицето ќе биде соодветно казнето во постапка која ја продолжува комуналниот инспекторат, информираа од струмичкото комунално преторијатие.

Додаваат дека со оваа постапка ги охрабруваат граѓаните кои ќе забележат фрлање на отпад да ги фотографират сторителите за да може да се пронајдат, да го исчистат отпадот кои го фрлиле, а комуналниот инспекторат да покрене понатамошна постапка.

Уште еднаш апелираат до граѓаните дека „Комуналец“ им стои на услуга на сите граѓани кои ке се јават дека имаат отпад со тоа што ке го подигнат од пред нивниот двор во најбрз можен рок по пријавувањето.

Share via
Copy link