„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Пазарната инспекција го затвори ноќниот клуб „Аватар“
Државната пазарна инспекција утрово ги пломбираше вратите на ноќниот клуб „Аватар“. Се додека не се донесат протоколи за начин на работа на ноќни клубови и дискотеки, клубот ќе биде затворен.
Аватар организираше забави и журки со голем број гости, кои не носеа маски, не одржуваа дистанца и не ги почитуваа препораките дадени од надлежните власти.
Пазарниот инспекторат најави дека во периодот кој следува, па се до донесување на протоколите за работа, сите ноќни клубови, но и објекти каде се одржуваат забави, ќе бидат веднаш затворани и гонети пред надлежните органи.