Jугоисточниот плански регион кон енергетска независност со нови фотонапонски централи
Пазарниот инспекторат со кривична за Клубот „Аватар“, оттаму велат дека работат како кафе бар
Државниот пазарен инспекторат по петочната контрола на Клубот „Аватар“ во Струмица, утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство заради непочитување на здравствени прописи за време на епидемијата на ковид-19, бидејќи ниту еден ноќен клуб во државата не смее да работи. Инспекторите направиле записник , по што следува и кривична пријава.
Од „Аватар“ ги демантираат информациите дека се ноќен клуб. Додаваат дека не се работи за ноќен клуб туку за кафе бар. Велат дека објектот е на отворено и работи согласно сите законски прописи и дека масите се на соодветно растојание, на сите има средства за дезинфекција, вработените постојано носат заштитните маски.
Подвлекуваат дека работат на ист начин како и други угостителски објекти во градот и дека не се единствените, а скоро во секој втор локал во градот, кој е за неколку пати помал од нивниот, имало слични забави, но за тоа никој не реагирал и не споделувал фотографии и видеа по социјалните мрежи.