fbpx

Физички напади во двор во Банско и пред угостителски објект во Струмица

 Физички напади во двор во Банско и пред угостителски објект во Струмица

Вчера во 17:30 часот во СВР Струмица, М.Д.(35) од село Банско пријавила дека околу 13:00 часот во двор во нејзина сопственост во Банско истата, додека била заедно со нејзините две деца и К.С., биле физички нападнати од А.Д. и И.Д. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денес во 02:15 часот во СВР Струмица, Г.П.(19) од село Ново Село пријавил дека околу 00:30 часот  пред угостителски објект во Струмица, по претходна расправија, бил физички нападнат од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: МВР-билтен

Share via
Copy link