Пет новозаразени,нема починати, осум оздравени од ковид-19 во Струмица
Во последните 24 часа се направени 761 тестирања, а регистрирани се 106 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 72-Куманово 4-Штип 2-Прилеп 5-Тетово 3-Битола 1-Кавадарци 4-Гостивар 6-Струмица 5-Радовиш 1-Кочани 1-Берово 1-Ресен 1.
Починати се 20 лица, четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 603 оздравени пациенти од:
-Скопје 230-Куманово 24-Дебар 5-Штип 18-Прилеп 51-Тетово 8-Струга 30-Велес 20-Битола 26-Охрид 54-Кавадарци 27-Гостивар 14-Гевгелија 11-Струмица 8-Радовиш 8-Кочани 10-Пробиштип 5-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 7-Берово 4-Виница 2-Кратово 3-Свети Николе 4-Кичево 7-Ресен 3-Неготино 20.
Досега во земјата се направени вкупно 405.108 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047.