fbpx

„Риверсоунд“ ќе донира и монтира рефлектори и агрегати за струја за осветлување во „Глобал“

 „Риверсоунд“ ќе донира и монтира рефлектори и агрегати за струја за осветлување во „Глобал“

-Сакаме да Ве информираме дека нашата компанија „Риверсоунд“ од своето постоење, па се до сега има помогнато во повеќе од 50 хуманитарни настани каде сме ја ставиле на располагање целата наша опрема и целиот наш тим за истите хуманитарни настани да се организираат без никаква финансиска надокнада. Така ќе биде сега така ќе продолжиме и во иднина.

Сето ова се надеваме дека ќе придонесе за што повеќе компании кои се во можност да се вклучат и да помогнат сега кога е најтешко се со цел побрзо отпочнување со работа на Градскиот трговски центар „Глобал“ од кој егзистираат многу струмички фамилии.

Нашата компанија уште вечерта кога беше пожарот почна со монтажа на мобилни рефлектори се со цел олеснување и непречена работа на пожарникарите кои во тешките услови за гаснење на пожарот ги жртвуваа своите животи. Сега се ставаме на располагање со донирање и монтажа на рефлектори и агрегати за струја за целосно осветлување во Градскиот трговски центар „Глобал“ за непречено работење додека се сенира се што е оштетено од големиот пожар, објавија од компанијата „Риверсоунд“.

Share via
Copy link