Браќата Ѓорѓиеви и Љафтов ја засилуваат Струмица за натпреварите во Купот на ЦЕВ
По половина век се асфалтира патот кон село Добрашинци
Денеска започна да се асфалтира локалниот пат што води кон населеното место Добрашинци, на потегот од крстосницата со патот кон браната Турија до центарот на село Добрашинци, соопштија денеска од Општина Василево.
-Со оглед на фактичката состојба на тертенот пред започнување на активностите и техничката документација, овде се работи за целосна реконструкција која опфаќаше отстранување на стариот, оштетен асфалт, насипување, рамнење, тампонирање, одводнување и како финална активност, денешното асфалтирање, информираат од Општината.
Должината изнесува 1320 метри, ширината 6 метри а дебелината на асфалтниот слој, 8 сантиметри, а буџетот за реализација на овој проект изнесува околу 16. 000. 000 денари, средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски како грант од Светска банка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.