fbpx

Двајца повредени во сообраќајка на патот село Костурино-Валандово

 Двајца повредени во сообраќајка на патот село Костурино-Валандово

Две лица се повредени во сообраќајна незгода што се случи вечерва околу 19:20 часот на патот село Костурино-Валандово.

Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во незгодата учествувале два автомобили-„фолксфаген“ и „пежо“, а возачите од двата автомобили биле пренесени на лекување во струмичката болница.

Заради незгодата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин за сите видови возила околу еден час, односно како што информираа од АМСМ сообраќајот повторно е нормализиран во 20:20 часот.

Фото: архива

Share via
Copy link