fbpx

Четиригодишно дете од Струмица физички нападнато, во тешка состојба пренесено во Клинички во Скопје

 Четиригодишно дете од Струмица физички нападнато, во тешка состојба пренесено во Клинички во Скопје

МВР соопшти дека вчера во 02.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Општата болница Струмица во 00:58 часот во тешка здравствена состојба било донесено четиригодишно дете од Струмица. Детето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде од лекар било констатирано дека детето било физички нападнато.

За настанот бил информиран инспектор по малолетничка деликвенција од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Share via
Copy link