fbpx

По удар од мотоцикл загинал пешак во селото Владевци

Вчера во 21:55 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Владевци, струмичко, во близина на крстосница со патот кој води за село Сушево, струмичко, мотоцикл „јамаха“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(50) од Радовиш, удрил во пешакот К.Ѓ.(70) од село Милетино, општина Брвеница, Тетово., соопштија од МВР.

Притоа, пешакот починал на местото, а смрт констатирала екипа од Медицинскиот центар Струмица. Мотоциклистот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Share via
Copy link