fbpx

Почна реконструкцијата на Музичкото училиште „Боро Џони“, ќе добие уште еден кат

 Почна реконструкцијата на Музичкото училиште „Боро Џони“, ќе добие уште еден кат

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и членови на Советот, денеска извршија увид во започнатата реконструкција на Oсновното музичко училиште „Боро Џони“ во придружба на директорката Клара Патарова и вработени и ученици од училиштето.

-Ова е прва реконструкција на училиштето од кога е изградено во 1991 година. Тогаш имало 13 вработени и 120 ученици, сега има 24 вработени и 300 ученици и нормално просторот што беше на располагање, не беше доволен за нормално функционирање на училиштето, особено во последните 10 години тој стануваше сериозен проблем, изјави градоначалникот Костадинов.

Овој проект се реализира преку Министерството за образование и чини 11.800.000 денари. Реконструкцијата значи уште еден нов кат со нови кабинети, канцеларии и помошни простории, нов покрив и нова термо фасада на целиот објект.

Share via
Copy link