fbpx

Подрачното училиште во село Баница е комплетно реновирано

 Подрачното училиште во село Баница е комплетно реновирано

Градоначалникот Костадин Костадинов со своите соработници, денеска го посети реконструираното подрачно училиште „Сандо Масев“ во Баница. Споделувајќи го задоволството со учениците и наставниот кадар, тој рече дека со оваа реконструкција практично се заокружени сите основни и средни училишта во општина Струмица и обезбедени солидни услови за одвивање на воспитно – образовниот процес.

-Со реконструкцијата на училиштето во Баница уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби дека за нас зборот е збор и ако нешто сме ветиле на територијата на општина Струмица, дали станува збор за урбаниот дел или населените места, ние тоа го реализираме, рече градоначалникот Костадинов.

Share via
Copy link