fbpx

Поставен камен темелник на новиот продажен центар на „Мебел-Ви“ во Струмица

 Поставен камен темелник на новиот продажен центар на „Мебел-Ви“ во Струмица

Со задоволство ја известуваме јавноста дека отпочна со изградба новиот, најголем,
продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица, соопштија од оваа компанија.

По завршувањето на подготвителните активности, вчера 10.05.2022, беше поставен
камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да биде
со површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите продажни објекти во
државата.

Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на
потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до
уште поголем број корисници. Ова е 8миот продажен салон на нашата компанија и
заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се
искачува на 22.000 метри квадратни што не прави лидер на пазарот во државата, но и
во регионот.

Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години
постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на
пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните
во Струмичкиот регион.

Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите.

Благодариме на сите што сте дел од семејството на Мебел-Ви! Нашата Мисија од
секогаш е создавање на уникатен препознатлив дизајн, професионализам и
специјализација во работењето и постојано инвестирање во квалитетот, стои во соопштението на „Мебел-Ви“.

Share via
Copy link