fbpx

Полицијата поднесе кривична пријава против „Аватар“

 Полицијата поднесе кривична пријава против „Аватар“

Секторот за внатрешни работи Струмица подготви кривична пријава која ќе биде доставена до Основното јавно обвинителство Струмица против правно лице од Струмица и одговорно лице И.В. (45)  кои сториле кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичен закон на Република Северна Македонија, соопштија денес од полицијата.

Имено, на 18.07.2020 година на профил креиран на социјалната мрежа „Инстаграм“, кој го користи пријавениот правен субјект, било објавено дека истата вечер во нивни угостителски објект ќе настапуваат естраден уметник и музичка група.

Од преземените мерки и обезбедените докази било утврдено дека правното и одговорно лице дозволиле во времето од 21.00 до 01.00 во објектот да се одржи настап на естрадниот уметник и музичката група, воедно дозволиле и присуство на неограничен број гости кои биле послужувани на шанк и стоечки маси, со што постапиле спротивно на Протоколот за отварање и работа на кафетериите, а кој протокол произлегува од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот.

Извор: Соопштение на СВР-Струмица

Share via
Copy link